„Панче Пешев“ освои 11 награди на државен натпревар
На државниот натпревар кој неодамна се оддржа во Скопје учениците на музичкото училиште “Панче Пешев“ освоија 4 први, 3 втори, 4 трети награди и 2 пофалници.
Со освоени специјални, први и втори награди на општински и регионален натпревар, учениците од “Панче Пешев“ се пласираа за учество на државниот натпревар во Скопје. И оваа учебна година имаме многу награди на 5 - от државен натпревар на млади музичари - велат од училиштето.
Први награди земаа: Милош Станковиќ на хармоника, Наоми Георгиевска, Алба Зеќири и Фадбарха Далипи на виолина.
Второнаградени се: Филип Трајковски на хармоника, Дрин Салиу на пијано и Стефан Ангеловски на труба.
Трета награда освоија: Тодор Петрушевски, Ања Спасовска и Ермир Бектеши на пијано како и Ирина Трајковска на виолина. Пофалници им се доделени на дуо виолините Михаил Кимевски и Фадбарха Далипи, Софија Милошевиќ и Сара Колевска.