Мени

Паричката од “Коледари“ отиде во семејството Јовановски

08.01.2014 12:32 | KumanovoNews

Паричката од коледарската погача, која завчера ја делеше кумот Горан Илиќ, падна во семејството Јовановски од населбата Доброшане.

Паричката од “Коледари“ отиде во семејството Јовановски

На прославата на Бадник, парче од погачата зела Александра Јовановска, која дури по два дена ја пронашла паричката. Пријатно се изненадиле и сметаат дека има  симболика, бидејќи бадниковите гранчиња беа набрани баш во нивното село.

Сопругата го земала лепчето и си дојде дома брзо, бидејќи била со мало дете. По два дена се сети да ни подели на сите од парчето од погачата и тогаш видовме дека кај нас се паднала паричката. Се изненадивме многу. Ние сме верници, ги почитуваме празниците, традицијата и дома имаме икони - рече Владо Јовановски, сопруг на Александра.

Тој денеска дојде во просториите на  “Коледари“ и се зачлени во здружението и да ја соопшти радосната вест.