Парична помош за Бјелина и Бања Лука
Парична помош е собрана за збратимените градови Бјелина и Бања Лука во БИХ кои се соочија со поплави.
На општина Бјелина и се уплатени 10.000 евра помош за санирање на последиците од поплавите, а Бања Лука ќе добие околу 6000 евра, пари собрани од советниците, општинска администрација, вработени во училишта и јавни претпријатија.
“Врз основа на иницијатива на градоначалникот, на претседателот на Советот и сите инволвирани страни се донесе лична одлука вработените во општинската администрација, установите, претпријатија да освојат средства од лични примања. Врз основа на лични изјави се собрани околу 1.053.000 денари. Од тој износ 10.000 евра се уплатени во општина Бјелина, а остатокот на износот ќе се уплати во општина Бања Лука. Приоритет има во моментов Бања Лука затоа што таа доживеа уште една поплава и тие средства сигурно ќе бидат уплатени во текот на овој месец“- изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.
Останатите две општини Јагодина и Горњи Милановац во соседна Србија се откажале од помошта со цел да се помогне на другите градови кои беа позагрозени од нив.