Парична помош за пензионерите со тешки болести
04.02.2013 09:06
| KumanovoNews
Здружението на пензионери Куманово на нивните членови, кои имаат здравестевни проблеми и оваа година ќе им исплаќа парична помош.
Тие треба да имаат наод од специјалист, да се легитимираат дека се наши членови и ќе им се исплати еднократна помош до 100 евра. Имаме комисија составена од специјалист, медицинска сестра и правник која одлучува по овие барања. Пензионерот ако лани искористил право на помош, оваа година нема да добие. Се работи за стари луѓе со дијагнози кои оставаат трајни последици по здравјето. Тука спаѓаат пензионери со мозочни удари, кардиоваскуларни заболувања, канцер, скршеници и друго - објаснува Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Тој вели дека лани помош добиле 190 пензионери.