Мени

Пазар за осмомартовски подароци

04.03.2014 15:12 | KumanovoNews

По повод празникот на жената - 8 март на платото пред Центарот за култура се поставени десетина тезги каде се продаваат подароци. Облека, накит, цвеќе, чаши, украси се нудат со попуст од 20 до 30 отсто.

Пазар за осмомартовски подароци

Се надеваме да продадеме нешто, ама гледаме дека луѓето уште не зеле пензија. Ќе видиме како ќе оди, секоја година се послаб е прометот. Ако луѓето имаат примања, ќе има и за нас работа инаку вака ништо. Заработката ни е минимална, не можеме да држиме цена бидејќи има конкуренција - вели Игор Димитриевски, трговец.

Некои од тезгаџиите денеска првпат поставуваат тезги и се надеваат дека за 2 - 3 дена граѓаните ќе се растрчаат да купуваат подароци за припадничките на понежниот пол.

 Уште е рано и очекувам од 6 март масовно да купуваат. Дадовме попуст и сега очекуваме муштерии.  Имаме чаши, вазни, чинии, филџани за кафе, од се по нешто, има избор за жените - рече Меди Мустафовски, трговец.

Претходните години тезгаџиите плаќале за закуп, а оваа година се ослободени од таа давачка.