Мени

Пазарџиите навреме плаќаат закуп

15.02.2013 10:48 | KumanovoNews

  ЈП “Пазаришта“ има висока реализација на наплата за тезгите кои ги издава на продавачите. Дури 95 отсто од пазарџиите редовно си ги подмируваат обврските за закуп на тезгите.

Пазарџиите навреме плаќаат закуп

Последниве години има напредок и луѓето плаќаат навреме. Мал дел задоцнуваат по месец дена, но ние тоа доцнење го толерираме. Ако имаат стари долгови неплатени се прави договор и им се дава можност да плаќаат на рати. Има и пазарџии кои земаат по неколку тегзи, за никого нема ограничување. Цените месечно се движат од 2200 до 3000 денари, зависно од тоа каде е лоцирана тезгата. Има голем дел трговци, но и земјоделци од Пчиња, Режановци, Лопате и други села кои се наши клиенти - објаснува Фадил Шабани, директор на ЈП“Пазаришта“.

ЈП“Пазаришта“ на двата пазара располага со вкупно 850 тегзи.