Пчеларите ќе следат предавање за пчелини производи
26.03.2013 09:33
| KumanovoNews
Пчеларите утре во 18 часот во клубот „Христијан Карпош“ организираат предавање за благотворното дејство на пчелните производи.
Предавач е Новко Величковски, наш сограѓанин. Покрај ова, за граѓаните ќе организирамее уште едно предавање за лечење со плечни производи, но тоа ќе биде на 6 април и ќе ни дојде Верица Милојковиќ, предавач од Србија - рече Бранко Тасевски, претседател на Здружение на пчелари “Пчела“.
Тој додава дека на Благовец ќе изложуваат мед на Градскиот плоштад, а настанот ќе биде под покровителство на Пчеларска задруга.