Мени

Пчелите да се заштитат од крлежи

21.08.2014 12:28 | KumanovoNews

Пчелите периодов треба да се заштитат од крлежи за да не дојде до нивно угинување.

Пчелите да се заштитат од крлежи

За таа цел со соодветни препарати пчелите треба да се третираат околу 25 дена.

„Едниот начин е со чадење со препарат на база на амитраз, и тоа треба да се прави 5 пати за период од 25 дена. Вториот начин е да се употребат стапчиња кои се намокрени со препарат и да се стават меѓу рамките. Ако се работи за појако пчелно семејство се ставаат две стапчиња, а ако е нуклеус само едно стапче и така да стои 21 ден“ - објаснува Бранко Тасевски, претседател на пчеларско здружение “Пчела“.

Крлежите ги напаѓаат пчелите, го ослабнуваат нивниот имунитет и доведуваат до нивно угинување.