Мени

„Пчиња„ издала 500 дозволи за риболов

08.01.2014 09:21 | KumanovoNews

 Спортско риболовно друштво “Пчиња“ лани издало 500 дозволи на нивните членови.

„Пчиња„ издала 500 дозволи за риболов

Тоа е за околу дваесет одсто помалку во однос на претходните години кога во просекот се издавале 600 дозволи.

Од “Пчиња“ сметаат дека намалена побарувачка на рибарски дозволи е поради нискиот стандардот на граѓаните и намалениот водостој на реките.

 Ние преку нашите активности се трудиме да ги анимираме риболовците да вадат дозволи и се да биде ргегуларно. Цените се исти како лани. Најбарани се сениорските дозволи за рибари до 64 години, бидејќи таа возрасна група е најбројна. Имаме студентски дозволи, за младинци до 18 години посебни дозволи, за пензионери над 64 години, за ветерани над 70 години - вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.

За најбараните сениорски дозволи годишно се плаќа по 1500 денари, плус 400 денари за легитимација.  За одредени категории како студенти и пензионери цените се пониски.