Пчиња се гуши во чад од Краста
Жителите на селата Пчиња, Студена Бара, Вакв и Винце два дена се гушат во чад и смреда од депонијата Краста.
Сметот на депонијата се запалил вчера, па густ чад ги зафатил селата поради што дел од жителите морале да ги напуштат своите домови.
Сите деца до три години и бебиња ги однесоа мајките од селото затоа што нема воздух и ќе се угушат.Вакво нешто не се случило 50 години и незнаеме што да правиме. Ги повикуваме претставниците од Инспекторатот за животна средина да излезат на терен и да ја утврдат загаденоста, бидејќи вака повеќе не можеме да живееме -вели Зоран Митевски, жител на село Пчиња.
Селаните ги обвнинуваат раководството на ЈП „Чистота и Зеленило„ и Општината Куманово за еколошката катастрофа, бидејќи дека лошо менаџираат со депонијата и не ги исполниле ветувањето да го уредат и осовременат просторот околу неа. Од Чистота тврдат дека пожарот е подметнат, а дел од жителите го политизираат случајот заради лични интереси.
Непознати сторители го подметнале пожарот и случајот е пријавен во полиција. Ние како јавно претпријатие ги преземавме сите неопходни мерки за да го локализираме пожарот и цела ноќ наши екипи беа на терен заедно со противпожарната единица.- вели Сашо Петрушевски директор на „ЈП Чистота и Зеленило„.
Проблемот со депонијата Краста е децениски и жителите повеќепати протестираа барајќи ѓубриштето да се дислоцира за да не им ја загадува животната средина.