“Печалбари“ ќе се игра во Прилеп и Крива Паланка
02.10.2013 08:19
| KumanovoNews
Претставата “Печалбари“ членови на Здружението на пензионери Куманово ќе ја изведат во Прилеп и Крива Паланка.
Утре тие настапуваат во Прилеп, а на 16 октомври во Крива Паланка. Оваа претстава досега е изведувана во 11 градови во Македонија.
По повод празникот на градот 11 Ноември, на 6 ноември пензионерите планираат да ја играат драмската претстава “Р“ работена по текст на Јордан Плевнеш при што ќе бидат поканети гости од околните градови.