Печалбарите се почесто се разведуваат
160 барања за развод се поднесени во Центарот за социјални работи во Куманово од почетокот на годината. Најчеста причина за раскинување на брачната заедница се отсуството од дома на еден од брачните другари, а голем процент отпаѓа и на алкохолизмот.
За Куманово најкарактеристични се разводите на сопружниците кои се на печалба во Авганистан или Ирак. Порано тие, поради недостиг на финансиски средства не се одлучувале за прекин на заедницата, но по стекната финансиска моќ си овзоможува самостоен живот. Најкритични во бракот се првите три години кога двајцата сопружници се прилагодуваат. Во овој период разводите не ретко се случуваат и поради мешање на семејствата на сопружниците - вели Сузана Митровска, раководител на одделението за брак и семејство од Центарот за социјални работи.
Браковите често се распаѓаат и во т.н. средното доба на партнерите, особено во периодот кога децата стигнуваат во фаза на пубертет. Тогаш родителите се во специфична фаза од животот, што доведува до пореметување на брачните односи,а произлегува од нискиот степен на толеранција.