Мени

Пензинерите отвараат свои клубови

30.01.2013 13:02 | KumanovoNews

 Во градот се отвараат нови пензинерски клубови, каде пензионерите можат да се дружат во слободно време.

Пензинерите отвараат свои клубови

Пред шест месеци е отворен клубот близу месна заедница Тоде Мендол. Сега сме во фаза да ги отвориме во Умин Дол и Ново Село клубовите. Во населбата Карпош имаме клуб одамна, а и во пензионерскиот дом секојдневно се собираат по 50 луѓе. Се договоривме со Здружението на воени ветерани и полициски старешини наши членови од центар да се собираат во клубот “Христијан Карпош“. Засега имаме четири функционални клубови, а реално ни требаат уште пет клуба бидејќи Куманово е голем град и има доста пензионери. Клубовите се од отворен тип, пензионерите можат да се дружат, да играат шах, да разменат информации, да читаат весници. Целта е да си го исполнат своето слободно време и да ги негуваат своите афинитети - изјави Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

Тој вели дека ќе побараат од Општина Куманово да им одобри урбаните заедници во градот да ги користат како клубови.