Мени

Пензионерите аплицираат за бесплатно бањско лекување

21.01.2013 12:29 | KumanovoNews

 Во подрачната единица на ПИОМ во Куманово досега околу 500 пензионери поднеле барање за бесплатно бањско лекување.

Пензионерите аплицираат за бесплатно бањско лекување

До петок се поднесени 417 барања и пријавувањето оди со побрзо темпо од претходните години. Пензионерите со пониски пензии кои последните три години не користеле бесплатно бањско лекување имаат право да аплицираат. Се нудат шест дневни полни пансиони и превоз во висина на автобуски билет. Лицата корисници на парична помош за нега имаат право на придружник за кој се покриени трошоците. За кумановските пензионери се планира бањско лекување во Катланово, најблиску до местото на живеење за да не мора далеку да патуваат старите лица - вели Мирослав Стојановски, раководител на подрачна единица на ПИОМ Куманово.

Рокот за поднесување барања за бесплатна бањска рехабилитација трае до 14 февруари. Лани бесплатно на бања биле 1224 пензионери, во 2011 година истата услуга ја искористиле 1035 пензионери, а во 2010 година бесплатно на бања биле 1825 пензионери.