Мени

Пензионерите ќе ја посетат “Порака наша“

08.01.2013 10:05 | KumanovoNews

Деновиве, пензионерите од КУД “Ѓоко Симоновски“ ќе ги посетат децата од “Порака наша“.

Пензионерите ќе ја посетат “Порака наша“

Ние лани имавме настап во “Порака наша“ и децата беа многу задоволни. Едно од нив ни кажа дека учествувало во оркестар и имаше желба да пее. На обострано задоволство пак сме поканети и една група од КУД “Ѓоко Симоновски“ ќе настапи по Божиќ со кратка програма. Ќе има неколку солисти и хармоникаши - вели Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пензионери Куманово.

Таа објаснува дека се во преговори за настапите кои КУД“Ѓоко Симоновски“ ќе ги има годинава на различни манифестации во градот и државата.