Пензионерите ќе се збратимат со воените инвалиди
01.02.2013 10:43
| KumanovoNews
Здружението на пензионери Куманово ќе се збратими со Здружение на воени инвалиди од Скопје во почетокот на февруари.
Ние подготвивме програма за соработка, тие ја разгледаа и рекоа дека ништо нема да додадат, ниту да одземат од планираното. Тие дадоа предлог да почнеме соработка. Досега со збратимените здруженија сме правеле културни манифестации, гостувања. Ние сме едни од најактивните пензионери од Македонија и сите сакаат со нас да соработуваат бидејќи сме репер. Ние сме единствени кои имаат 11 секции, а сега ќе оформиме и секција за класична музика - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Досега Здружението на пензионери Куманово се збратими со пензионерите од Гази Баба и Врање.