Мени

Пензионерите играорци ќе настат во Прокупље

25.06.2013 08:25 | KumanovoNews

 Пензионерите од фолклорната секција утре ќе настапат во Прокупље, Србија.

Пензионерите играорци ќе настат во Прокупље

 Ќе се одржи средба на која ние за првпат ќе се претставиме и тоа ревијално. Подготвивме 15 минутна програма со сплет од народни песни и ора. За Прокупље ќе заминат дваесетина наши членови. Секаде каде што сме настапувале досега едноставно беа воодушевени од нашиот фолклор и затоа во Зрењанин земавме златен медал - вели Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пензионери Куманово.

Таа додава дека најмногу настапи и најдобра соработка имаат со соседна Србија каде често гостуваат.