Пензионерите играорци настапуваат во Врање
22.04.2014 08:00
| KumanovoNews
Пензионерите од културно - уметничкото друштво “Ѓоко Симоновски“ задутре ќе настапат на меѓународен фолклорен фестивал во Врање, Србија.
Пред тамошната публика тие ќе се претстават со кумановски сплет и една песна.
На овој фестивал настапуваме првпат иако многупати досега сме биле во Врање. Тие ја сакаат нашата музика, говорот ни е сличен и ората исто. Фестивалот носи наслов “Јас имам талент“ и е со ревијален карактер - вели Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пензионери Куманово.
Во Врање ќе замине играорна група составена од дваесетина члена.