Пензионерите-инвалиди колективно набавуваат огревно дрво
Здружението на пензионери инвалиди и годинава за своите членови набавува дрва за огрев. Дел од семејствата веќе ги добиле дрвата дома, а на останатите триесетина ќе им бидат испорачани во септември.
Имаме склучено договор со кумановска приватна фирма и во договорот стои дека доколку муштеријата не е задоволен може дрвата да ги врати назад. Најголем интерес има за дабот и буката, а цените се исти како лани. Ние минатата година почнавме пионерски, и тогаш интересот беше помал. Досега 35 инвалидски пензионери се јавија за огревно дрво и таа бројка очекуваме да се зголеми - вели Станислав Стефановски, претседател на Здружение на инвалидски пензионери Куманово.
Зависно од потребите инвалидските пензионери купуваат од 3 до 12 кубици дрво за огрев.