Пензионерите организираат “Шегобијна разгледница“
01.04.2013 09:53
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утре пензионерите ќе организираат “Шегобијна разгледница“.
Се собираат песни од пензионерите на слободна тема, но со хумористична содржина. Оваа манифестација се прави само за членови од Здружение на пензионери Куманово. Веќе имаме дел од творбите добиено. Творците можат да пишуваат на сите јазици кои се зборуваат во Куманово. Обично настапуваат по десетина поети, ќе има и музика со цел да ја заокружиме вечерта и да биде поубава атмосферата. Ние сме едни од ретките во земјава кои организираат “Шегобијна разгледница“ - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Оваа манифестација се организира веќе 12 години. Настанот ќе почне во 18 часот.