Мени

Пензионерите подготвуваат нова претстава

26.11.2012 09:48 | KumanovoNews

 Членовите на драмската секција во Здружение на пензионери Куманово наскоро ќе започнат со  подготвување на претставата “Р“, работена според дело на Јордан Плевнеш.

Пензионерите подготвуваат нова претстава

- Тоа е психолошка драма за која ќе бидат ангажирани 13 ликови. Ќе вклучиме и тројца ученици од основно училиште во претставата. Имаме многу талентирани актери, а тоа се луѓе од различни професии, мајстори, просветни работници, инспектори кои глумат извонредно за што имаме и пофалби од режисерите. Пробите на почетокот ги оддржуваме во просториите на здружението, а потоа и на сцената во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“. Пред да ја изведеме пред публика драмата, имаме три месеци интензивна подготовка - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

Кон крајот на годинава Здружението на пензионери Куманово ќе ги награди најдобрите спортисти, а за 2013 година тие планираат побогата програма и репризирање на претставите “Ленче Кумановче“, “Шути и рогати“ и “Печалбари“.