Пензионерки ќе учествуваат на манифестацијата “Зелникот на баба“
Пензионерки од Здружение на пензионери Куманово на 21 март ќе учествуваат на манифестацијата “Зелникот на баба“ која ќе се оддржи во Пробиштип.
На манифестацијата на свој штанд жените пензионерки ќе изложат пити и зелници.
Ќе испратиме 3 пензионерки кои се вистински домаќинки. Зелник може таму да се меси, сука и пече или да се однесе од дома. Зелниците и питите ќе се продаваат по симболична сума. На Градскиот плоштад во Пробиштип нашата делегација ќе постави штанд кој ќе биде украсен со народни носии, чорапи, ткаени килими. Ние и лани учествувавме на оваа манифестација и многу сме задоволни - вели Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пензионери Куманово.
“Зелникот на баба“ се оддржува 3 - та години по ред во организација на Општина Пробиштип.