Мени

Пензионерките се подготвуваат за 8 март

01.03.2013 09:29 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ на 6 март, жените пензионерки со богата културно-уметничка програма ќе го одбележат празникот на жената.

Пензионерките се подготвуваат за 8 март

Десетина поети ќе прочитаат песни посветени на 8 март - празникот на жената. Ќе има музички настап на мандолински оркестар, а потоа и класична музика. Оваа прослава ја правиме многу одамна, уште пред да биде основано званично здружението - вели Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пензионери Куманово.

Таа вели дека творбите кои биле пишувани по повод 8 март сите овие години ќе бидат укоричени, собрани на едно место и како такви ќе им бидат поделени на пензионерите.