“Перо Наков“ потпиша протокол за соработка со “Бајрампаша“
Во просториите на Општина Куманово денеска протокол за соработка потпишаа делегациите од училиштата “Перо Наков“ и “Бајрампаша“ од Истанбул.
Во иднина двете училишта ќе реализираат размена на ученици и професори. Од “Перо Наков“ велат дека склучуваат протокол за соработка токму со училиште од Истанбул водејќи се од фактот што Турција има развиена економија.
Се случи еден убав настан. Потпишуваме соработка со средното економско училиште од Општина Бајрампаша, Истанбул. Денешниот ден е значаен за односите со економското училиште од Бајрампаша. Ќе имаме соработка, унапредување на односите меѓу два народа, ќе градиме спортски и културни настани. Ќе се запознаме со технологијата на “Бајрампаша“ - вели Момчило Антевски, директор на “Перо Наков“.
Од училиштето “Бајрампаша“ објаснуваат дека целта е соработка меѓу учениците која ќе даде видливи резултати.
Двете училишта имаат слични профили. Банкарски техничар, профили за трговија и маркетинг. Најмногу ќе се обрне внимание на соработка меѓу овие две струки. Соработка меѓу професорите и учениците и размена на искуства, материјали наставни првенствено - изјави Хурије Каја, директорка на “Бајрампаша“.
Протокол за соработка и унапредување на односите меѓу двете средни училишта беше потпишан и во Истанбул.