Мени

Пет колапси претпладне во Куманово

14.08.2014 10:50 | KumanovoNews

Петмина кумановци поради жештините колабирале претпладнево и побарале лекарска помош.

Пет колапси претпладне во Куманово

Брзата помош бележи пет интервенции поради колапси кај постари луѓе со хронични болести и една интервенција во Пелинце поради убод од пчела.

На некои им се слошило дома, други излегле од дома и им се слушило. Луѓето треба да не излегуваат на сонце од 11 до 17 часот, да пијат повеќе течности и да се консултираат со лекарите за терапија за притисок. Во лето притисокот паѓа. Во последно време обемот на работа е многу зголемен и апелираме до граѓаните да се придржуваат до препораките за заштита од топлотен бран - изјави Марија Бајдевска, општ лекар во Брза помош.

Од Брза помош се жалат дека со две екипи во смена покриваат подрачје со 160.000 луѓе и ги молат граѓаните да викаат Брза помош само во итни случаи.