Мени

Пет улици со дефекти на водоводната мрежа

19.02.2013 09:07 | KumanovoNews

 На пет улици во Куманово нема вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Пет улици со дефекти на водоводната мрежа

Без вода за пиење се граѓаните од улиците “Трета МУБ“, “Народна револуција“, “Сенто Станковски“, “Студена вода“ и “Боро Менков“. Од ЈП “Вододвод“ објаснуваат дека нивни екипи се на терен и дефектите ќе бидат санирани за неколку часа.

На наведените локации до крајот на работното време снабдувањето со вода ќе се нормализира. Во меѓуврме други дефекти не се регистрирани.