Мени

Писатели ќе го посетат училиштето во Умин Дол

05.12.2012 08:47 | KumanovoNews

  Десетина писатели од Куманово утре ќе одржат поетско читање во ОУ “Карпош“ од село Умин Дол по повод патронатот на училиштето.

Писатели ќе го посетат училиштето во Умин Дол

Друштвото на писатели Куманово соработува со шест основни и четири средни училишта од градот. Во програмата ќе бидат вметнати и селските училишта кои многу поретко ги посетуваат писателите. На пролет тие планираат да направат поетски караван и да опфатат што повеќе училишта во Куманово и околината.