Писателите ќе го посетат училиштето во Младо Нагоричане
По повод патронатот на ОУ “Христијан Тодоровски - Карпош“ од Младо Нагоричане, писателите денеска ќе организираат поетско читање заедно со учениците.
Ова ни е првпат да го посетиме ова училиште. Од оваа година повеќе внимание ќе посветиме на руралните средини. Ќе настапат четири поети. Целта ни е децата да ја засакаат книгата, читањето кое е запоставено заради социјалните мрежи, компјутерите. Книгата нуди трајни вредности за разлика од нешто друго кое ќе се прочита набрзина - вели Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.
Таа додава дека неодамна е избрана за претседател на Сојузот на писателски асоцијации во која членуваат десет асоцијации од различни градови од Македонија. Трајковска ќе има повеќе поетски ангажмани, но вели дека тоа за неа претставува задоволство и сака да има резултати.