“Пиво фест“ го посетија голем број кумановци
23.07.2013 08:34
| KumanovoNews
Над 250 кумановци со организиран превоз на „Јоцо-Турс„ и многу повеќе во сопствена режија ја посетија манифестацијата “Пиво фест“ во Прилеп која заврши во недела.
Имаше голем интерес за патување посебно за петок, најверојатно заради музичките ѕвезди и затоа што следниот ден не се работеше. Кумановци се презадоволни, велат дека многу убаво си поминале. Некои заминуваа со нас до Прилеп и таму остануваа да ноќеваат па се враќаа по два дена. Секоја година интересот за “Пиво фест“ е се поголем, читаат во медиумите, се информираат околу програмата - велат од туристичката агенција “Јоцо Турс“.
Посетителите уживаа во пивото, скарата и добрата музика.