Планинарите ќе маршираат во чест на Борис Трајковски
22.02.2013 12:36
| KumanovoNews
Во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски кој загина во авионска несреќа близу Мостар, планинарите ќе организираат ноќен марш.
Членовите на Спортско рекреативниот клуб “Козјак“ утревечер во 19 часот тргнуваат пеш на релација Арбанашко - планинарски дом Длабочица. Таму ќе преноќат, а утредента пеш ќе го поминат патот од Длабочица преку Дејловце до Бајловце.
Трајковски загина на 26 февруари во 2004 година и од неговата смрт се навршуваат девет години.