Мени

Планинарите ќе одат на Пониква

15.02.2013 09:10 | KumanovoNews

 Планинарите од Спортско рекреативниот клуб “Козјак“ во недела ќе ја посетат Пониква.

Планинарите ќе одат на Пониква

На планинарите ова им е прва активност за оваа година и тие ќе имаат можност да уживаат на снег на Осоговските планини. Ќе замине екипа од 50 планинари која ќе престојува во планинарскиот дом Пониква кој е отворен секој ден - вели Мартин Величковски, секретар на “Којзак“.

Во кумановско за сите љубители на планината за викенди отворен е домот во Длабочица.