Мени

Планинарска школа за основци

15.04.2013 14:45 | KumanovoNews

 Учениците од петто и шестто одделение до крајот на април можат да се запишат за учество на планинарска школа која функционира во рамки на Спортско рекративниот клуб “Козјак“.

Планинарска школа за основци

Школата почнува од 1 мај и трае до 1 октомври. Предавања се оддржуваат секој вторник навечер во нашите простории на улица “Доне Божинов“. Прво се учи општо за планинарството, потоа ги посетуваат планинарските домови и на крај следи тест - вели Мартин Величковски, секретар во “Козјак“.

Дел од планинарската школа можат да бидат ученици од сите основни училишта во Куманово.