Мени

Планинарскиот клуб „Козјак“ слави 31 роденден

07.04.2013 11:06 | KumanovoNews

 Денеска се навршуваат 31 година од возобновување на Спортско планинарскиот клуб “Козјак“ од Куманово.

Планинарскиот клуб „Козјак“ слави 31 роденден

Плејадата млади од нашиот град заслужуваат поширока креативна димензија, излез од анонимност и активно учество во турбулентниот процес на квалитетното сеопшто живеење во општината и пошироко. Нашето мото е јасно “Сакај ја планината, чувај ја како можеш и умееш, восхитувај се на нејзината убавина, дозволи и да те воведе во нејзината топла прегратка, запознај ја што подобро и дознај што таа ти нуди - вели Мартин Величковски, секретар на клубот.

Планинарскиот клуб „Козјак“ е формиран во 1967 година, но поради слабата заинтересираност на кумановци, веќе следната година престанува со работа. По 14 години, во 1982 година, на 7-ми април, Спортско – планинарскиот клуб „Козјак“ повторно е обновен.