Мени

Планинарскиот клуб “Козјак“ слави 32-ри роденден

07.04.2014 07:37 | KumanovoNews

Спортско планинарскиот клуб “Козјак“ денеска одбележува 32 години постоење и успешна работа.

Планинарскиот клуб “Козјак“ слави 32-ри роденден

По тој повод викендов беше организиран еднодневен марш од село Пклиште до планинарски дом Длабочица.

Низ клубот поминале многу планинари, организирани се многу акции на кои клубот бил домаќин, а сме учествувале и на многу акции во  Македонија, Словенија, Бугарија, Грција и Србија. Организирани се планинарски школи, маратони, клубот е добитник на Ноемвриска награда, збратимен е со многу клубови, и до ден денес работи по своја програма. Во клубот има двајца лиценцирани водичи единствени во нашиот град и моментално располага со два планинарски дома на планината Козјак во село Длабочица - вели Мартин Величковски, секретар на “Козјак“.

“Козјак“ е отворен во 1967 години, но поради слабиот интерес е ставен во мирување.  На 7 април  1982 година се појавиле нови љубители на планината кои го обновиле клубот кој функционира се до денес.