Мени

Пo кал до музичка сцена

12.12.2011 10:02 | KumanovoNews

Учениците мораат да поминат по калливиот тротоар пред музичкото училиштето, за дојдат до нивните кабинети. Да не се извалкаат се движат по средина на улицата, покрај паркираните автомобили, а со тоа ја загрозуваат сопствената безбедност.

Пo кал до музичка сцена

Троторот пред музичкото училиште „Панче Пешев„ со години стои без асфалт. Тротоарот е долг само педесетина мети, но надлежните општински служби никако да го стават во програмата за изградба на патна инфраструктура. Иако се наоѓа во центарот на градот, оваа пешачка патека не е во функција кога ќе заврне и најслаб дожд. Поради расквасената земја, за да не се извалкаат, граѓаните, а особено учениците од музичкото училиште се движат по средина на  улица, покрај паркираните автомобили . Со тоа ја загрозуваат сопствената безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот на фреквентната улица „Братство Единство„. И покрај тоа што неколкупати го актуелизиравме проблемот со тротоарот, никој од Општината не се загрижи поради тоа.

Тротоарот беше порано асфалтиран, но пред 5-6 години кога се прошируваше улицата се извади. Наместо да се врати во првобитната положба, се остави да биде „расадник„ на кал во центарот на градот.