Почна екстерното тестирање
И покрај најавите за бојкот, предпладнето започна екстерното тестирање во сите основни и средни училишта во градот.
Теститирањето го следат набљудувачи од повеќе министерства.
По математика денеска ќе се тестира 401 ученик и 37 ученика по граѓанско образование. Материјалот е од цела година, а има 30 прашања. Тестирањето трае 60 минути. Екстерното тестирање продолжува и во среда. Утре имаме слободен ден. Имаме 257 ученика кои ќе бидат тестирани по македонски јазик и историја - вели Марина Манојловска, директор на ОУ“Браќа Миладиновци“.
Учениците се надеваат дека ќе постигнат добри резултати и нема да ги расипат оценките.
Јас ќе полагам математика и очекувам дека ќе покажам солидни резултати. Не се подготвував многу, но сепак е стресно самото тестирање - вели Теа Трајковска, ученичка во осмо одделение во ОУ“Браќа Миладиновци“.
Наставниците не можат да предвидат како екстерното тестирање ќе влијае на оценките на учениците. Велат дека прво треба да ги добијат резултатите, па потоа ќе знаат дали тоа ќе влијае или не на оценките.