Почна проектот „Безбедни училишта„
Mинатата недела во СВР Куманово се одржа средба со директорите од средните училишта за да се дадат упатствата и насоките за имплементирање на проектот „Безбедни училишта„.
Веќе се отпочна со активности во гимназија „Гоце Делчев„ и техничкото училиште „Наце Буѓони„, каде се формираат тимови за безбедност во паралелка и Училишни тимови за безбедност. Со родителите се одржаа и првите средби за запознавање со проектот и улогата на родителите во креирање и создавање на безбедност, ненасилство и мултиетничка толеранција во училиштата. Во тек е и печатење на анкетните прашалници на македонски и албански јазик преку кои ке се изврши истражувањето кај целните групи, за да се види досегашната безбедносна состојба во и околу училиштата. Потоа ќе се добијат насоки и показатели кои мерки и активности понатаму треба да се планираат т.е. да се одредат приоритети за зголемување и градење на ненасилство и безбедни училишта- вели Виолета Богдановска, началник во одделот за превенција.