Мени

Почна садењето на кромид

19.02.2013 10:10 | KumanovoNews

 Земјоделците почнаа во нивите да засадува кромид за свои потреби и за продажба.

Почна садењето на кромид

Од 15 февруари до 15 март се засадува кромид бидејќи условите се поволни. Кромидот бара плодна земја, не многу тешка почва за да може главицата да се развива. Кромидот како култура бара влага, но не и вода, бидејќи од многу вода фаќа болести. Лукот се сади малку подоцна, но доцното садење се одразува на родот и квалитетот, потоа ќе биде посушно времето - вели Томе Цветковиќ, виш соработник по полјоделство.

Селата Режановце, Клечовце и Младо Нагоричане се села каде се засадуваат поголеми површини со кромид.