Почнува летната планинарска школа
10.06.2013 09:31
| KumanovoNews
Од утре почнува летната планинарска школа “Козјак 2013“, која ја организира истоименото планинарско друштво.
Ќе има работни акции во планинарски дом во село Длабочица, и средување на објектот караула Длабочица кој е даден на управување на Спортско планинарско друштво “Козјак“ на управување и ќе биде во функција планинарски дом - вели Мартин Величковски, секретар во “Козјак“.
Од 1 јули па се до 1 септември планинарите ќе дежураат во споменатите планинарски домови преку викенд.