Почнува проект за правна социјализација на младите
28.03.2013 09:35
| KumanovoNews
Од петок треба да почне проект за правна социјализација на млади во ОУ “Христијан Карпош“ при што ќе бидат оддржани повеќе работилници на различни теми.
Ќе се обработат 12 теми како малолетничка правда, малолетничко престапништво, детски права, младите и спортот на натпревари. јавен ред и мир, насилство и други. Ова ќе се имплементира во 7 одделение. Убаво е конципирано, и ако помине успешно проектот ќе се шири. Ќе бидат ангажирани по два инспектори, по два наставника и секоја петок ќе има работилници - вели Лидија Костиќ, директор на ОУ“Христијан Карпош“.
Со овој проект ќе биде опфатено и училиштето “Наим Фрашери“. Организатори се ПХ интернационал, Министерство за образование, Министерство за правда и Министерство за внатрешни работи.