Мени

Почнува проектот “Отворени денови за земјоделството“

25.12.2013 15:28 | KumanovoNews

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во наредните два месеци ќе работи во две смени, бидејќи започнува проектот “Отворени денови за земјоделството и рурален развој“.

Почнува проектот “Отворени денови за земјоделството“

Советниците од агенцијата ќе им бидат на располагање на земјоделците од 8.30 до 20 часот.

Ќе се дискутира за програмите на финансиска поддршка, земјоделството и руралниот развој. Сега е во тек програмата која на земјоделците им е позната како 50/50, па ќе следи ИПАРД програмата и после ќе излезе националната програма - објаснува Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Куманово.

Фармерите во наредниот период ќе се информираат за сите владини мерки за поддршка на земјоделството. Секој советник вработен во агенцијата месечно реализира десетина теренски посети во околните села.

Проектот ќе го реализираат Агенција за поттикнување на развој на земјоделството, Агенција за храна и ветеринарство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.