Мени

Подарувајте и декорирајте со брендот “Fenia Flowers & Art Decorations“

04.12.2013 10:11 | KumanovoNews

Подароци, новогодишни украси, декорации за свадби, украсување на ресторани, декорирање на канцеларии се услуги кои можат да ви ги понудат од компанијата “Fenia Flowers & Art Decorations“.

Подарувајте и декорирајте со брендот “Fenia Flowers & Art Decorations“

Во пресрет на новогодишните празници, оваа реномирана компанија располага со голема понуда на елки со различни димензии и за сечиј вкус. Новитет за оваа сезона се висечките или елките за на ѕид кои не зафаќаат многу простор, а изгледаат модерно и интересно.

Освен продажба на големо низ целата држава, “Fenia Flowers & Art Decorations“ врши продажба на мало, во сопствените салони, на најквалитетни производи од грчки бренд со традиција од три деценции.

Асортиманот кој ние го нудиме може да го разубави секој простор во кој го поминувате најголемиот дел од вашето време. За Нова година може да се украсуваат домови, градини, тераси и бизнис простории. Ресторанот кој ние го украсувавме, двапати доби награда од градот за најубаво украсен угостителски објект за Нова година. Го нудиме нашето знаење и искуство стекнато преку работа во Регало ексклузив, кој веќе 15 години егзистира во Куманово. Со нашето аранжирање придонесуваме сето тоа да биде доведено во еден извонреден и вонсериски изглед. Поради големииот избор и асортиман, кој го нудиме, можеме да се вклопиме во сечиј буџет. Новогодишна елка можат потрошувачите да купат со или без декорација. - велат Фросина Лазова и Јасмина Младеновска, основачи на “Fenia Flowers & Art Decorations“.

Тимот од компанијата објаснува дека цените се пристапни и прилагодени на нашиот стандард.

Изложбениот салон на “Fenia Flowers & Art Decorations“ се наоѓа на улица “Трета МУБ“ бр. 174 ха раскрсницата на „Трета МУБ„ и „Октомвриска револуција„, веднаш до салонот на “Форма нова“.

За сите подетални информации можете да се јавите на телефонските броеви 031 550 681, 078 458 504 и 071 933 752.

(комерцијален текст)