Мени

Поднесени две кандидатури за градоначалник до ОИК

15.02.2013 12:10 | KumanovoNews

 Две кандидатури за градоначалници и две листи за советници се поднесени до Општинската изборна комисија во Куманово. Двете кандидатури се потврдени од ОИК.

Поднесени две кандидатури за градоначалник до ОИК

Eдната кандидатура е од групата избирачи “Кога ако не сега“ на Виктор Цветковски, и таа е веќе потврдена. Втората листа е од партијата Национална демократска преродба, кандидат е Фатри Салиу. Листи за избор на советници примивме две, од “Кога ако не сега“ носител е Драги Караџински. Носител на листата на НДП е Зенун Ислаили, и таа листа е во ред - изјавија од Општинска изборна комисија.

Крајниот рок за поднесување на кандидатурите за градоначалници и листи на советници истекува утре на полноќ.

Во комисијата интензивно работат на комплетирање на избирачките одбори.

Во тек е постапката за избирање на избирачки одбори. Оваа година тие ќе бидат во нов состав, во тек ќе биде нивна обука која ќе ја изврши општинската изборна комисија. Се надеваме дека сите активности ќе завршат во предвидениот и нема да има никакви проблеми во нивната работа. Општина Куманово има 128 избирачки места, по 10 члена, односно 5 члена со свои заменици - изјави Виолета Арсовска, претседател на општинска изборна комисија.