Подновен возниот парк во Здравствениот дом
10.09.2013 11:37
| KumanovoNews
Здравствениот дом Куманово минатат недела набави три нови возила марка “цитроен“ од сопствени средства.
Возилата ќе се користат за потребите на патронажна служба, вакцинација и домашна посета.
Со ова мислиме дека ќе придонесеме за уште поефикасно работење на овие служби. Од 2006 година па до денес имаме купено 12 возила. Добивме од Владата три “цитроен“ лежечки возила, сами набавивме возило “дачиа“, два џипа “лада нива“ за планински терени, две лесни возила “панда“, уште две лесни тип “смарт“ - вели Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.
Трите нови возила чинат 1.260.000 денари.