Мени

Поефтино огревно дрво во “Македонски шуми„

06.08.2014 07:57 | KumanovoNews

Граѓаните годинава ќе купуваат поевтини дрва за огрев во складовите на ЈП “Македонски шуми“.

Поефтино огревно дрво во “Македонски шуми„

За семејствата кои примаат социјална помош цената на буката  е пониска за 15 проценти, а за останатите 10 одсто или кубен метар кубен бука чини 2133, а за социјалците 2015 денари.

   Со одлука на Влада дрвата се поефтинети и таа одлука веќе е на сила. Попустот важи само за складовите на “Македонски шуми“. Ние сме поефтини од другите приватни складови. Граѓаните нагло купуваат дрва за претстојната грејна сезона заради попустот - рече Ваит Саити, директор на “Шумско стопанство“ Куманово.

Саити вели дека имаат доволно огревно дрво за да ги задоволат потребите на жителите на Куманово, Липково и Старо Нагоричане.