Мени

Полицаец на Пелинце добил отказ

10.05.2011 08:49 | KumanovoNews

 Р.Г. од Куманово, полицаец во Полициска станица за гранична контрола „Пелинце“, изречена му е мерка „отказ“.  Казната ја заработил бидејќи изостанал од работа три последователни дена.

Полицаец на Пелинце добил отказ

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 21 решение против 21 вработен во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно Колективниот договор на МВР.