Мени

Полицијата ќе го зголеми присуството на улиците

21.02.2011 16:45 | KumanovoNews

 СВР Куманово во текот на неделата ќе го зголеми своето присуството на кумановските улици, и ќе го конторлира движењето на пешаците и возачите.

Полицијата ќе го зголеми присуството на улиците

 Сите кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи ќе одговараат за своите постапки. Кампањата за безбедност во сообраќајот, се реализира со цел да се подигне свеста и сообраќајната култура кај граѓаните.

Прекршителите на правилата ќе се предупредуваат и ќе се упатуваат на сообраќајна поука, која ќе се одржи кон крајот на неделата во просториите на СВР Куманово"- вели Виолета Богдановска, раководител на Одделението за превенција од кумановската полиција.

Полицијата,ќе ги предупредува и пешаците кои не ја почитуваат вертикалната и  хоризонталната сигнализација, и тие ќе се упатуваат на сообраќајна поука. Доколку не присуствуваат на предавањето, прекршителите ќе се санкционираат со соодветни пријави.

Казните за пешаците кои нема да поминат на пешачки премин изнеуваат 25 евра. 35 евра ќе платат пешаците кои ќе поминат на црвено, додека возачите кои не го почитуваат првенството на минување на пешаците ќе платат 300 евра.