Мени

Полицијата да биде ригорозна со несовесните возачи

13.09.2013 10:25 | KumanovoNews

 Посебно беше наглесено дека засилени контроли се потребни на булеварот “Октомвриска револуција“.
 

Полицијата да биде ригорозна со несовесните возачи

 Советниците во Советот на Општината Куманово, побараа од службата задолжена за безбедност во сообраќајот да преземе поригорозни мерки и да постави постојани полициски патроли на црните сообраќајни точки во градот за да се намалат сообраќајните несреќи во кои гинат недолжни луѓе поради несовесни и пијани возачи.

Посебно беше наглесено дека засилени контроли се потребни на булеварот “Октомвриска револуција“.

Командирот на полициската станица Куманово Антон Витковски се правдаше дека тие со моменталниот потенцијал на луѓе не можат повеќе да постигнат.

Укажано е за поголема будност, но тоа е состојбата. Треба повеќе да се работи. Со радари се мери брзина, има патроли на магистралата кон Крива Паланка, во градското подрачје и на другите патишта. Имавме хаос со сообраќајки и за да ги покриеме овие црни точки ни требаат 100 полицајци и 50 возила - објасни Антон Витковски, командир на Полициска станица Куманово.

Претседателот на советот Максим Димитриевски не беше задоволе од одговорот.

Сведоци сме на сообраќајки со смртни последици на неколку улици. Се вози со брзина од над 100 км на час и мора да има униформирано лице да ги запира. Друго решение немаме. Никаков одговор не прифаќам. Немаше соодветни ресурси, гориво, материјални трошоци, а сега ви фалат луѓе. Ако ви фалат службеници си имате министер и Куманово е во Република Македонија - рече Димитриевски.

Тој побара во извештајот за третото тромесечје за работата на ПС Куманово да има податок колку казни се изречени од страна на пајак службата.