Мени

Полицијата спаси човек во Шупли Камен

27.02.2013 14:11 | KumanovoNews

Методија Илиевски (61) вчера четири часа бил заробен во неговата викендичка во Шупли Камен, а го извлекла и спасила полицијата.

Полицијата спаси човек во Шупли Камен

Кога водата во дворот надошла над метар, Илиевски се исплашил дека ќе се удави, бидејќи не знаел да плива.

Ме фати страв, не знаев што да кажам. Целата нива и дворот беа полни со вода. Го викнав Ѕвонко Отљански и дојдоа со багер, ме спасија. Сега сум жив и здрав - рече Илиевски.

Неговиот пријател кога видел дека не може да му помогне сам, повикал полиција.

Успеавме да го извадиме Методија и покрај огромните количини вода. Имаше интервенции во селата Јачинце, Довезенце, кај Вакав и Студена Бара - рече Антон Витковски, началник на Полициска станица Куманово.

Полицијата интервенирала со повеќето свои служби деновиве за да се ублажат штетните последици од излевањето на реките.

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи ангажираше дополнителни сили и ресурси, практично во најризичните места во Македонија ја ангажиравме и нашата хелихоптерска единица за доставување на храна, вода таму каде што ја нема, лекови. Обезбедуваме посебен сообраќаен режим на оние делници од патиштата каде што градежната механизација и работната сила на армијата на Република Македонија треба да изгради насипи, да исчисти од се она што се натрупало од надојдените води. Речиси половина од територијата на Македонија беше под вода. Голем дел од населението е загрозено не само од водата како таква, туку и од немањето вода за пиење - изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Полициските службеници на министерката и покажаа слики од евакуацијата во Шупли Камен.