Мени

Полициска акција во Лојане

19.07.2013 08:31 | KumanovoNews

 Припадници на специјалните полициски единици утрово започнале акција во липковското село Лојане за откривање на лица кои се вклучени во криумчарење мигранти.

Полициска акција во Лојане

Според извори од кумановската полиција, акцијата започнала рано изутрина и селото е под опсада. Приведени се неколку лица од селото и повеќе мигранти.

Акцијата уследи,  откако пред неколку дена во селото Табановце, група криминалци убија еден мигрант а тројца повредиа. Ова е трет случај на напад на мигранти во куамовско, кои предходно беа само ограбувани.

Веќе подолго време во Лојане врие од мигранти кои се обидуваат на нелегалните гранични премини да заминат во западно-европските земји.